Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен, ги казни првотимците Бастиан Швајнштагер и Тони Крос бидејки на тренингот во зимскиот камп во Катар носеа погрешни чорапи.
Целата екипа на Баерн се појави во црни чорапи, освен Швајнштагер и Крос кои мислеле дека треба да носат бели.
Имаме иста цел и потребна ни е дисциплина. Таа почнува од тоа дека сите треба да носиме исти чорапи - изјави тренерот Јуп Хајнкес.
Капитенот на баварците Филип Лам треба да ја одреди висината на казната и да ги собере парите од соиграчите.