Тинејџерката Стивенс е сензација на Австралија Опен
23.01.2013 11:05
| KumanovoNews
Американската тинејџерка Слоан Стивенс се пласираше во полуфинале одкако успеја да ја победи Серена Вилијамс.

Патот до победата беше олеснат поради повредата на грбот на Вилијамс со која таа играше во втората половина од мечот.
Се гледаше дека има поспор сервис но тоа е Серена. И повредена играше одлично и беше прецизна. - изјави Стивенс.
Таа мечот го доби со 3:6, 7:5, 6:4 а во полуфинале ќе игра против Викторија Азаренка.