Трампа на тренерите: Венгер оди во ПСЖ, Анчелоти во Арсенал
21.01.2013 10:57
| KumanovoNews
Арсенал и Пари Сен Жермен би можеле да направат размена на тренерите до крајот на сезоната.

Францускиот клуб знае како да го примами Венгер од Арсенал нудејки му 10 милиони фунти по сезона и тригодишен договор. Очигледно дека Карло Анчелоти нема да остане тренер во Париз, па според некои медиуми тој би можел да појде во спротивен правец. Венгер во повеќе наврати изјави дека не планира продолжување на договорот кој истекува на лето 2014 година.