Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на ЛА Лејкерс по серијата од три победи повторно се поразени во натпревар од НБА лигата. Овојпат загубија од Феникс со 92-86.
Мајкл Бизли постигна рекордни 27 поени во редовите на домашната екипа која бркаше негатива од 13 поени во последната четвртина.
Драматичниот пресврт дојде на првата средба за Стив Неш против Феникс по заминувањето во ЛА и Лејкерси.
За гостите фатален момент беше повредата на Двајт Хауард 6,57 минути до крајот. Тој беше најдобриот скокач на теренот со 14 фатени топки. Кај Лејкерси најефикасен беше Брајант со 17 поени што е далеку под неговиот просек. Патем гостите од ЛА имаа дури 19 грешки што можеби заедно со успешните контри на Феникс (15) го реши овој меч.