Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Познати се полуфиналните двојки во женска конкуренција на последниот овогодишен Гренд слем турнир, US Open.
Руската тенисерка Марија Шарапова, победничката на US Open 2006 и третата носителка на овогодинешниот последен Гренд слем турнир во Њујорк, со тешка мака ја победи французинката Марион Бартоли со 3-6, 6-3, 6-4.
Французинката одлично го отвори првиот сет, пред прекинот на натпреварот поради дождот во Њујорк, Бартоли имаше водство од 4-0, а на крајот славеше со 6-3. Во вториот сет французинката направи брејк во првиот гем, но Шарапова одговори со одлична игра и израмни на 1-1 по сетови. Во одлучувачкиот сет, при резултат 4-4, руската тенисерка го направи својот втор брејк, по што веќе на наредниот сервис го осигура полуфиналето на US Open. Шарапова во полуфиналето ќе игра против белоруската тенисерка Викторија Азаренка која има 5-4 скор во меѓусебните дуели.
Третиот четвртфинален меч беше дуел на двете италијанки Сара Ерани и Роберта Винчи кои како партнерки во парови стигнаа до полуфиналето на овој турнир. Синоќа Ерани славеше над својата сонародничка со 6-2 и 6-3 која беше финалист на овогодинешниот Роланд Гарос. Во вториот полуфинален дуел Ерани ќе ги одмери силите со актуелниот олимписки шампион, Серена Вилијамс која славеше над српската тенисерка Ана Ивановиќ со 1-6 и 3-6.