×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утешна награда: Ѓоковиќ ја одбрани титулата во Торонто

    14.08.2012 05:57 | KumanovoNews

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да ги залечи раните од неуспешниот настап на ОИ во Лондон со триумф на мастерс турнирот во Торонто. Светскиот рекет број 2, во финалето на 2,6 милиони долари вредниот Роџерс куп славеше над Ришар Гаске од Франција со 6-3, 6-2, со што успешно ја одбрани титулата.

    Утешна награда: Ѓоковиќ ја одбрани титулата во Торонто

    Првиот носител Ѓоковиќ го победи во финалето 14-тиот во шемата Ришар Гаске (Франција) со 6:3, 6:2 и го освои по трет пат трофејот, откако триумфираше за првпат во 2007 година. Србинот не допушти брејк и стигна до успехот по само 61 минута игра. Тој ја освои 12-тата титула од турнирите од сериите „Мастерс“.

    Неделата беше долга и тешка, особено за играчите кои дојдоа од Олимписките игри. Мило ми е што играв тука и уште повеќе се радувам што повторно ја освоив титулата- коментираше Ѓоковиќ, кој стигна до полуфиналето на Олимписките игри во Лондон, но отпадна од Енди Мареј.