Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На крос трката што викендов се одржа во Велес, велосипедистите од “Вело -М“ имаа одличен пласман со што потврдија дека се убедливо најсилен клуб во земјава.
Од сениорите прво место освои Стефан Петровски, од јуниорите прв е Никола Ѓукиќ, а во категорија кадети најдобар беше Денис Колевски. Борислав Соларски од клубот “Цикло - Спорт“ од Куманово во сениорска категорија беше третопласиран. Оваа спортска дисциплина се вози во зимски услови, има комбинирана патека за натпревар земја - трева - асфалт или друга цврста подлога. Таму каде не може да се вози се носи во раце велосипедот - вели Марјан Петровски, спортски директор во “Вело - М“.
Велосипедската федерација направи ранг листа врз основа на резултати од четири трки. Три веќе се реализирани, останува уште една, но “Вело -М“ е државен првак.