Велосипедист на Вело-М го освои трофејот “Илинден“
Во Општината Илинден вчера се оддржа велосипедски натпревар на кој членови на клубот “Вело М“ од Куманово постигнаа значајни резултати.

Ивица Давидовски убедливо ги порази противниците и го освои трофејот “Илинден“.
Второто место во иста категорија го освои Стефан Петровски, а четврт беше Зоран Ристовски. Од јуниорите Никола Ѓукиќ се закити со второ место, а Денис Колевски беше трет.
Сениорите возеа 4 круга односно 100 км, јуниорите 3 круга или 75 км, а мастерс, кадетите и девојките возеа по 2 круга односно 50 км. Во екипна конкуренција според бројот на бодови кумановци ја држат првата позиција.
Единствена потешкотија за велосипедистите на вчерашниот натпревар беа високите температури.