Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Денот на востанието на македонскиот народ, во градот ќе се одржи традиционалната велосипедска трка што ја организира велосипедскиот клуб Вело-М.
Велосипедистите ќе се натпреваруваат по булеварите “3 МУБ“ и “Октомвриска револуција“, кои ќе бидат затворени за сообраќај.
Натпреварувањето ќе биде за Трофеј на Куманово на кое ќе земат учество велосипедисти од повеќе земји. Овој настан добива меѓународен карактер. Ќе има гости од Бања Лука, Ниш, Софија, од многу македонски градови. Бодување ќе се врши клубски и поединечно за шампионат. Засега клубски “Вело - М“ води и треба таа доминација да ја задржи. Покровител на трката е градоначалникот Зоран Дамјановски - изјави Марјан Петровски, спортски директор во “Вело - М“.
На трката ќе се натпреваруваат вкупно 80 велосипедисти.