Мени

Венгер демантира - немаме контакт со Виља

25.01.2013 14:27 | KumanovoNews

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер демантираше дека лондонскиот клуб остварил контакт за ангажирање на напаѓачот на Барселона Давид Виља.

Венгер демантира - немаме контакт со Виља

Многупати не поврзуваа со таа приказна но немае ништо со тоа. Арсенал не е во таа приказна - изјави Венгер.

Виља е незадоволен со статусот во Барселона и тоа доведе до шпекулации за негов трансфер. Покрај Арсенал, за неговите услуги е заинтересиран и Ливерпул.