×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во сабота РК “Куманово“ игра против “Добруџа“

    05.09.2012 10:52 | KumanovoNews

      Противникот од Бугарија, клубот “Добруџа“ е шампион во својата земја и од скоро има две засилувања од француското првенство.

    Во сабота РК “Куманово“ игра против “Добруџа“

    Викендов во спортската сала ќе се одигра првото коло од ИХФ Купот во ракомет. По 20 години Куманово како град има свој тим кој го презентира во европските натпреварувања. Противникот од Бугарија, клубот “Добруџа“ е шампион во својата земја и од скоро има две засилувања од француското првенство.

    Имаме крајно респектабилен противник на кој треба да му се спротивставиме максимално одговорно, паметно и храбро. Како клуб се надеваме дека со излез на ова рамниште на играње на ИХФ Куп ќе успееме да ја вратиме публиката во спортската сала и ракометот да стане најпопуларен спорт во градот. Оваа прилика ја користам да ги повикам сите наши сограѓани , сите љубители на ракометот и на спортот во градот Куманово да дојдат, да го поддржат РК“Куманово“, бидејќи најмногу им треба на играчите, а нормално и на нас како управа - рече Мартин Костовски, претседател на РК“Куманово“.

    Билетите за натпреварот ќе бидат со симболични цени. Поединечната карта ќе чини 70 денари, а доколку граѓаните се заинтересирани два дена да ги следат натпреварите цената ќе биде 100 денари.

    Костовски објасни дека сите обврски ги имаат подмирено кон Пепи Манасков уште во јуни и спогодбено се разделиле. Тој потенцираше дека Манасков дал придонес за клубот и му посакуваат успех во понатамошната тренерска кариера.