ЖРК Куманово ја пречекува екипата на Урошевац
10.09.2012 09:20
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово ќе одиграат пријателски дуел против екипата на Урошевац. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток во 19 часот во Спортската сала во Куманово.

Овој натпревар е дел од подготовките на екипата на ЖРК Куманово за новата сезона. Исто како и машката екипа, ракометарките настапуваат во ЕХФ Купот, а нивниот противник ќе биде познат следните денови.