Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Децата и професорите со своите активности треба да се истакнат во развојот на екологијата и зачувување на здравата животна седина.
По повод Денот на дрвото, основното училиште „11 Октомври„ е погласено за прво еколошко училиште во градот. Децата и професорите со своите активности треба да се истакнат во развојот на екологијата и зачувување на здравата животна седина. Еколошкото катче денеска го посети делегација од Општината предводена од секретарот Оливер Спасовки.Тие се вклучија во акцијата "Ден на дрвото - засади ја својата иднина„ и засадија дрвја во училишниот двор.
Општината активно се вклучи во акцијата за пошумување и заедно со претставниците од образованието, сакаме да допринесеме за успешноста на оваа акција.За Денот на дрвото одлучивме да прогласуваме еколошки катчиња и оваа година прво го одбравме ОУ „11 Октомври„ а потоа и ОУ „Наим Фрешери„.Заедно со учениците и професорите засадивме дрва.Општината Куманово ја подржува акцијата бидејќи со тоа инвестираме во иднината на нашата Општина и целата планета- рече Спасовски.
Директорот Круме Младеновски вели дека во нивното училиште одсекогаш се водела сметка за екологијата, но посебно се горди што од нивното училиште тргнува една убава традиција да се определува училиште кое ќе го носи епитетот.
Не само во централното, туку и во подрачните училиште децата се со висока еколошка култура и свест за нејзино зачувување.Во текот на цела године работиме на уредување на дворот и училишните простории, а посебно сме активни на организираните акции.Денеска покрај пошумувањето имаме и дрги активости и тоа цртање и создавање на лични творби, песнички, посветени на дрвото, младоста, зеленилото и екологијата воопшто- рече директорот Младеновски.