13.000 кубици дрво продаде Шумско стопанство
10.01.2014 10:59
| KumanovoNews
Шумско стопанство Куманово продаде повеќе од 13.000 кубици огревно дрво за оваа зимска сезона.

Во споредба со претходната грејна сезона имаме продадено повеќе дрва. Граѓаните повеќе се ориентирани на дрва бидејќи струјата е скапа. Ни останаа уште 200 кубика дрва за училиштата и штом ќе добиеме наредба ќе ги дистрибуираме - вели Ваит Саити, директор на Шумско стопанство Куманово.
Саити потврдува дека најбарано дрво е буката токму поради ниската цена.