Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска беше пуштена во употреба улицата Поток Серава во должина од 1500 метри. За реконструкција на улицата и санација на фекалната канализација потрошени се 13 милиони денари, сретства од буџетот на Општината.
Поток Серава е еден од капиталните проекти кои во 2010 година го реализраше Локалната Самоупрва.
Ова е витална точка за комуникација на граѓаните од оваа месна заедница со градот, мултиетнички регион што е доволно говори дека Општина Куманово се залага рамномерна распредлба на буџетските средства во сите региони на Куманово. Од друга страна многу е важно што под улицата се наоѓа каналот во кој се собираат отпадните води и доколку не се направеше каналот постоеше сериозна опасност каналот да се затне и да предизвика полави на населението-рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Тој ги најави и останатите проекти за во овој дел од градот, а пред се асфалтирање на патот и канализационите мрежи во селота Романовце, Лопате и Черкезе и со тоа ги отфрли сите обвинувања дека се фаворизира само еден дел од градот.
На свеченоста присуствуваше и претседателит на Нова Демократија Имер Селмани, кој истакна дека ова е пример како се гради соживотот во Куманово.
Соработката помеѓу градоначалникот и советниците Албанци,покажува како во мултиетничка средина да направат проекти кои ќе бидат на општо задоволство на сите граѓани.Затоа апелирам до владата да не ги тоши парите на споменици, туку да инвестира во инфраструктурата на државата и отварање на нови работни места-рече Селмани.