Автобусите што тргнаа пред Собранието блокирани на излезот од градот
24.12.2012 09:33
| KumanovoNews
Колоната автобуси кои утринава тргнаа на протестот во Скопје запрени се на излезот на Куманово.

11 автобуси со над 700 членови и симапизери од 8.30 часот без причина се држат на излезот на градот. Прво ги натераа возачите да ги однесат возилата на технички преглед, а сега стоиме во место без никакво објаснување-вели Снежана Захариева, претседателка на општинската организација на СДСМ.
Тие се револтирани од односот на власта и сметаат дека со тоа се загрозува демократското право на граѓаните да излезат на протест.