Бајруш излегува од затвор
07.12.2010 12:13
| KumanovoNews
Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 1.400.000 евра, Сејдиу да замине од Шутка во домашен притвор.

Барањето за излез од Шутка, Основниот суд Скопје 1 го одбил но, Апелацискиот суд ја прифатил жалбата и по две години притвор одлучил Бајруш Сејдиу да биде во домашен притвор.
Сејдиу понудил гаранција дека нема да бега и редовно ќе се појавува на рочиштата.
Тој во март беше осуден на пет години затвор по акцијата “Пепел“ за нелегално производство на цигари и други кривични дела. Пресудата не е правосилна.