Банкар проневерил 60 илјади евра
Д.Т.(41) од Куманово, благајник во Комерцијално Инвестициона Банка АД Куманово, подигнал 60 ијади евра од сметка на клинетка со фалсификуван потпис.

Проневерата се случила во ноември 2008 година, кога банкарот во шест наврати изготвил налози за готовинска исплата на парични средства од сметката на Е.Г.Ф.(50) од Куманово, која живее во Шведска. Наплатите ги евидентирал со електонски потпис и на место на примател на паричните средства го фалсификувал потписот на Е.Г.Ф., подигнувајќи вкупно 3.659.900 денари. Д.Т. лажните налози ги употребил при раздолжување со дневен промет во евиденцијата на банката.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т. за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, проневера во службата и фалсификување службена исправа.