×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Без вода дел од градот, на две места пукнала главната цевка

    07.12.2019 13:07 | KumanovoNews

     На улицата „Доне Божинов“, на две места на растојание од 500 метри, пукнала главната водоводна цевка Ф/300, поради што голем дел од градот од сабајле остана без вода.

    Без вода дел од градот, на две места пукнала главната цевка

    Дефектите се лоцирани кај Старата печатница и пред мостот во населбата Средорек. Две екипи од педесетина вработени на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

    „Водоснабдувањето ќе се нормализира за околу еден час, бидејќи при крај се работите. Станува збор за големи дефекти, очигледно настанати поради поместување на земјата предизвикана од последните земјотреси. Досега се нема случано вакво нешто, на две места на толку мало растојание да пукне иста цевка. Бидејќи се работи за стара водоводна мрежа од 60-тите години на минатиот век се случуваат и вакви проблеми“,- вели директорот Горан Стојковски.

     Моментално без вода се потрошувачите на „Доне Божинов“ од кружниот тек, потоа улиците „Братство Единство“, „Јоско Илиевски“ околу стадионот Башкими и „Никола Тесла“ до населбата Долно Којнаре. Утринава кратко без вода останаа и жителите на булеварот „Октомвриска револуција“.

    (Фото: Архива)