Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција, поднесе кривична пријава против М.М. (22) од Куманово, за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста„ и против неговиот брат М.М. (19) за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие„.
На 11 ноември годинава, околу 21,00 часот во Куманово, пред ресторан „Батко Ѓорѓија„ пријавените без повод и причина физички го нападнале А.Н. кој случајно поминувал пред ресторанот.При обид полициските службеници да го легитимираат првопријавениот, истиот физички ги нападнал полицајците нанесувајќи им повреди, а притоа второпријавениот со туркање ги спречувал полицајците во вршење на службеното дејствие.