Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Последнава недела Брзата помош секој ден има по дваесет интервенции. Во 90 одсто од случаите Итна помош повикуваат хронично болните луѓе. По две екипи работат во дневна и ноќна смена.
Една екипа има лекар и три медицински сестри.
Ние ги покриваме околните села, општините Липково и Старо Нагоричане. Се трудиме секаде да стигнеме навреме, најбрзо што можеме, иако опслужуваме 120.000 жители. До хронично болните лица апелираме на топло од 10 до 15 часот да не излегуваат на сонце или ако веќе мораат да бидат заштитени со шапка. Да внесуват течности и да ја земаат терапијата која им е препишана од лекар - вели Марјан Спирковски, началник на Брза помош.
Вработените во Брза помош очекуваат во летниот период повеќе јавувања и повеќе интервенции. Апелираат до граѓаните да не ја злоупотребуваат бесплатната телефонска линија на Брзата помош. Објаснуваат дека во вечерните часови добивале лажни повици, но за ваквото несовесно однесување на граѓаните известена е и полицијата.