Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 300 семејства треба да бидат евакуирани од своите домови, поради големите поплави.
Општината Куманово го свика кризниот штаб за заштита и спасување, кој треба да им помогне на поплавените семејства.
Екипите од пожарна и од штабот излегоа на терен, евакуирани се над 20 луѓе. Ги вадеа со багери и со други возила. Голема штета има на улица “Никола Тесла“, Долно Којнаре, Средорек има многу зафатени куќи. Водата се излеа и кај Митев мост, во Бавчи, доле кај Доброшане, најава има и за Шупли Камен. Сега таму ги евакуираат. Градоначалник и екипа први излегоа на терен. Прво ќе се формира Комисија за проценка на штети, од утре ќе можат граѓаните да поднесуваат пријави и ние конкретни заклучоци ќе донесеме на ударни места со градежна механизација ќе треба реката да се врати во коритото. Евакуираните се од делот кај Митев мост, Бавчи и пред половина час и од Шупли Камен - изјави Зоран Павловски, претседател на кризен штаб за заштита и спасување.
Од локалната самоуправа велат дека состојбата на терен е алармантна. Павловски рече коритото на Којнарка го чисти Дирекција за заштита и спасување секоја година согласно нивниот акционен план.