Честитка од градоначалникот за Курбан Бајрам
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска упати честитка до сите граѓани од муслиманска вероисповест во градот по повод празникот Курбан Бајрам.

Во името на Општината Куманово, и во свое лично име на сите граѓани од муслиманска вероисповест им го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Им посакувам многу здравје, среќа и успех, и зедничка толеранција и разбирање. Куманово е град на различности, мултиетнички и мултиконфесионален град. Ние покажавме како со меѓусебно почитување, разбирање и толеранција се создава добар соживот. Заедничкото прославување на празниците,е само уште еден начин на поголемо зближување и градењето на модерно и европско Куманово- изјави градоначалникот Дамјановски.
Муслиманите во Куманово и во светот денеска го слават Курбан бајрам, најзначаен празник во Исламот.
Празникот симболизира принесување на жртва и се слави четири дена. За муслиманските верници Курбан Бајрам е ден на верба во Бога, разбирање и љубов.
На првиот ден од празнувањето мајките и татковците богато ги даруваат своите деца.