Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според обвинението, осудениот во јуни годинава на граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола, кога видел дека ќе го уапсат по меѓународна потерница излегол од автомобилот и се дал во бегство.
Младен Обрадовиќ (35) од Ќуприја, во Кумановскиот суд е осуден на 4 месеци затвор затоа што спречил полицаец во вршење на службеното дејствије. Според обвинението, осудениот во јуни годинава на граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола, кога видел дека полицаецот му приоѓа затоа што се наоѓал на меѓународна потерница за провални кражби излегол од автомобилот и се дал во бегство кон Србија. Во меѓуграничниот простор полицајците В.Ф. и Ф.И. успеале да го стигнат и кога се обиделе да го совладаат тој се спротивставил и го удрил полицаецот кој имал службен пиштол во раката. При тоа оружјето испукало еден куршум и го ранил својот колега Ф.И. во левото рамо. Обрадовиќ бил совладан од другите полицајци кои притрчале на помош и приведен.