ЦИД бара практикант за финансиско работење
07.11.2013 09:52
| KumanovoNews
Центарот за меѓукултурен дијалог бара практикант за финансиско работење на организацијата.

Со овој повик би сакале да ги мотивираме младите луѓе, дипломирани студенти по економија, да се пријават и да го добијат своето прво работно искуство - велат од организацијата.
Практикантот ќе учествува во креирање на буџет при аплицирање на проекти, менаџирање на финансии од одделни проекти, изготвување на завршни годишни сметки, комуникација со партнерски организации, доставување на барања, молби до институции и друго.
Рокот за пријавување трае до 14 месецов.