Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На тротоарот пред Музичкото училиште вчера осамна рафрлани внатрешни органи од животни. Цревата и чкембињата беа оставени покрај контејнерот и од нив се ширеше неподнослива реа.
Родителите кои ги водеа деца во училиштето, беа згрозени од безобразлукот на поедини луѓе.
Некој ги оставил овде намерно, ако сакал можел да го фрли во контејнерот. Да знам кој го оставил тука, би му го однела пред врата - вели изнервирано една жена.
Одвратната постапка на некој од граѓаните кој живее во околните куќи ја осудија и луѓето што одеа на молитва во Градската џамија.
Срамота е ова што го направиле. Денеска е празник и треба да се прави добро, а не да се фрлаат така отпадоците од јагнињата што ги колеме - се изјасни еден постар човек.
Смрдливите органи подоцна ги разнесуваа мачки и кучиња и дополнително го изгнасиа тротоарот. Просторот околу контејнерите пред Музичкото училиште е извор на зараза затоа што граѓаните редовно својот смет го оставаат надвор од садовите. Досега никој од инспекциските служби не реагирал на ваквата појава.