×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црквата Свети Арханѓел чека донации

    22.11.2010 09:42 | KumanovoNews

     Според црковниот одбор за довршување на црквата, потребни се 40 илјада евра. Во населбата Карпош има 2000 домаќинства, и ако секое одвои по 10 евра ќе се собере половина од потребната сума, а останато ќе се прибира од донатори, бизнисмени и граѓаните на Куманово.

    Црквата Свети Арханѓел чека донации

     По повод големиот христијански празник Свети Архангел Михаил, вчера во истоимената црква што се гради  во населбата Карпош се одржа света литургија. Со неа чиноначалствуваа свештениците од кумановската парохија. Иако беше најавено, поради здравствени причини не присуствуваше владиката Кирил. Пред голем број верници и гости од населбата и градот, беше избран нов кум на славата. Црквата се гради пет години, со донации од граѓаните, а потребни се уште многу пари за да се доврши.

    Сретствата ги собираме од жителите на месната зедница, но оди доста тешко бидејќи луѓето немаат пари. Ни помогнаа и сопствениците на фирмите што се тука во населбата, градоначалникот и Општината.  Деновиве очекуваме пресметка од изведувачот за да знаеме точно колку пари ни се потребни од март кога ќе продолжиме со градбата - вели Радивоја Петровски, член на Црковниот одбор.

    На прославата присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски со дел од членовите на неговиот кабинет. Тој е еден од најголемите донатори. Досега одвоил 3 илјади евра за изградба на црквата. Свети Ранѓел е негова семејна слава.

    Како член на црковен одбор со моите соработници помагаме да се изгради црквата. Јас и кога не бев градоначалник бев дел од црковниот одбор, како граѓанин заедно со моите пријатели, бизнисмени и луѓето кои сакаат да помогнат во изградба на светите храмови. Ова е најголемиот храм што се гради во Куманово во последните 100 години - изјави градоначалникот.

    Според проценката на црковниот одбор за довршување на градежните работи на црквата, потребни се околу 40 илјада евра. Во населбата Карпош има околу 2000 домаќинства, и ако секое одвои по 10 евра ќе се собере половина од потребната сума, а останато ќе се прибира од донатори, бизнисмени и граѓаните на Куманово.Тие апелираат до сите кои се во можност да помогнат со градежен матерјали или работа за изградба на новото духовно светилиште.

    Здружението „Коледари„, како чувари на верата и традицијата е партнер на црковниот одбор со голема подршка за подигање на црквата.

    Свештениците во својата молитва вчера посакаа црквата Свети Архангел Михаил да биде готова до 2012 година кога ќе се слават 45 години од постоењето на кумановската парохија.