Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеничката Дарка Петрушевска и советничката Слаѓана Георгиевска, со членките на Комисијата за родова еднаквост во ВМРО-ДПМЕ, по повод празникот на жената однесоа цвеќе на пациентките на гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово.
Дојдовме овде за да им го честитаме празникот на пациентките, кои за жал денеска не се со своите семејства,и да им дадеме подршка во борбата со болеста. Истовремено им посакуваме многу здравје и што поскоро да оздрават и да се вратат дома -рече пратеничката Петрушевска.
Таа истовремемо го честиташе празникот на сите жени во градот посакувајќи им многу успех во животот, и во текот на целата година да бидат сакани и почитувани.
За посветеното внимание на пациентките и персоналот се благодар директорот Ариф Латифи, кој истотака им го честиташе 8 март на сите ѓени во градот.