×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Кривичните пријави се политички мотивирани

    26.02.2014 15:09 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, смета дека кривичните пријави на директорите на јавните претпријатија имаат за цел ја оцрнат работата на локалната самоуправа пред престојните избори. 

    Дамјановски: Кривичните пријави се политички мотивирани

    15 дена сите медиуми се концентрираат само на Куманово, најверојатно како една од најзначајните општини за наредниот политички процес. Почнаа со “Паркинг“ каде 10 дена бевме топ тема за нешто што нема никаква врска со реалната слика што се прикажуваше во јавноста. Продолжија со “Водовод“, а сега со директорот на “Чистота и зеленило“. Се работи за набавка која била потребна, а одлуката донесена од Управниот одбор. Процедурата е завршена пред 2 години, камионите се во функција, исплатата тече како што е договорено на рати. Претпоставувам дека во наредниот период ќе има уште атаци на општината, на администрацијата, на се она што ја чини работата на локалната самоуправа. Од ова место на кумановци можам да им порачам дека ние сме убедени во исправноста на нашата работа. Сите што имаат прекршувања на овластувања треба да се докаже во редовни судски постапки, а не однапред да се оцрнуваат определени луѓе-изјави Дамјановски.