Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за управување со кризи ја демантира вчерашната изјава на градоначалникот Зоран Дамјановски, дека Владата не ги чисти речните корита во кумановско, поради што се предизвикаа поплави во селата Довезенце, Јачинце и Бељаковце.
Како државна институција не можеме да се согласиме со невистините искажани на пресот на градоначалникот, кој јавно пред граѓаните на Куманово тврди дека Владата во Акциониот план за чистење на речните корита,каналите и хидромелиоративните системи, од досегашниве 250км., поради различитата политичка провиненција на локалната власт, досега воопшто не се ангажирала во чистење на речните корита низ кумановско, заради намалување на ризици и опасности од поплави.
Како државна институција која има координативна улога во реализација на Акциониот план на Владата, го демантираме градоначалникот, а за воља на вистината пред пошироката јавност укажуваме дека при реализацијата на Акциониот план во Куманово и кумановско се исчистени за овие 5 години 50 км речни корита на реките Кумановка, Липковка, Којнарка и Слупчанка.
Во Општина Старо Нагоричане од октомври сработени се 9 км од реката Пчиња, а до крајот на годинава предвидено е отпочнување на чистење на река Живуша помеѓу селата Довезенце и Јачинце и Крива Река, од мостот кај село Клечовце до вливот во Пчиња во должина од 2 км како и река Петрошница од урнатиот мост во Макреш до вливот на река Пчиња.
Што се однесува до дилемата на градоначалникот, во законот е јасно дефинирано, дека во надлежност на Општините се реките и речните корита во урбаните делови на општините, додека вон урбаните средини се на водостопанските претпријатија. Грижата за објектите, материјалните добра и инфраструктурата, кон населбите и селата се во надлежност на градоначалникот и локалната администрација, како и справувањето со настанатите состојби во овој случај поплава - се вели во демантот на Центарот за управување со кризи од Куманово.