Мени

Денеска се слави Бадник

06.01.2014 10:23 | KumanovoNews

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Божиќ.

Денеска се слави Бадник

Рано изутрина децата-коледарчиња го највуваат Христово раѓање со посета на домовите и пеење на коледарски песни.

Според обичаите, на Бадник целото семејство се собира на заедничка вечера. „Каде и да си за Бадник дома да си„- велат нашите стари. За празникот се прави богата, посна трпеза со гравче, риба, зелник, овошје... Се меси погача со паричка, која е симбол за среќа во текот на годината, кај кого ќе се падне.

Домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.