Мени

Кумановец освои трето место на државен авто- слалом натпревар за стари возила

28.05.2026 14:35 | KumanovoNews

Жељко Величковски (21) од Куманово освои трето место на првиот официјален авто слалом натпревар на стари возила, кој минатиот викенд се одржа во Скопје, во организација на Националната федерација за историски возила на Македонија.

Кумановец освои трето место на државен авто- слалом натпревар за стари возила

Величковски беше единствен возач од Куманово, а се натпреваруваше со автомобил БМВ произведен 1995 година.  Како член на ОТК Скопје, во силна конкуренција од 70 учесници учествуваше во категоријата 3 на возила над 1.6 кубици.

„Ова ми беше прво учество на вакво натпреварување и освоив трето место.  Ова ми е прва награда и ќе биде мотив да учествувам и понатаму“, вели Жељко.

Натпреварот се одржа на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, како дел од Државното авто слалом првенство за 2026 година. На натпреварот учествуваа љубители и сопственици на олдтајмери од Македонија.

Второто коло од натпреварувањето ќе се одржи во Кичево на 6 и 7 јуни.