Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Обединетата српска заедница во Македонија, Регионален добро Куманово денеска ја одбележаа 12 годишнината од НАТО бомбардирањето на Србија.
Поголем број на членови на здружението, претставници на политички партии и граѓани, запалија свеќи во црквата „Свети Тројца„, а беше одржана и пригодна беседа.
Секоја година се потсетуваме на ужасите од НАТО агресијата на српскиот народ и државата Србија, со желба таа никогаш повеќе да не се повтори. Ние 12 години палиме свеќи за невините жртви и сите кои загинаа во оваа бесмислена демонстрација на сила и моќ врз недолжното население- рече Часлав Јовановиќ, претседател на ОСЗМ.
Во бомбардирањето на НАТО во 1999 година Србија загинаа околу 2000 луѓе, а неколкупати повоќе беа ранети.Државата претрпе големи инфраструктурни штети, а беа разурнати и многу цивилни објекти од витално значење.