Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наместо до крајот на минатата година, салата е во почетна фаза на изградба.
Една година доцни изградбата на спортска сала во земјоделското училиште „Киро Бурназ„ во Куманово. Наместо како што беше предвидено да биде готова до крајот на минатата година, салата е во почетна фаза на изградба.
За жал градбата отпочна дури во март годинава, иако камен темелникот го удри министерот за образование уште во јули минатата година. При копањето на темелите се наиде на камена подлога и тоа дополнително ја успори работата. Деновиве се монтира менталната конструкција и се врши подготовка за првата плоча.Салата се гради со многу спора динамика, бидејќи работат мал број на работници - вели директорот на училиштето Горан Јовановиќ.
Тој се надева дека салата ќе биде готова напролет и учениците ќе можат да ја користат за настава по физичко воспитување.Таа чини 550 илјади евра, а изградбата ја финасира Владата, додека Општината Куманово обезбедила комуналната и градежната дозвола, и го урбанизирала просторот.