Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До крајот на неделата Општина Куманово ќе потпише договори со фирмите кои ќе вршат запрашување против комарци.
Вообичаено две фирми ги изведуваат предвидените работи- едната од нив е задолжена за авиотретирање, додека втората се задолжува да го изврши третманот на земја и во договорот е вклучена и дератизација и дезинсекција против крлежи, бубашваби, комарци и глодари.
„Најдоцна до петок би ги имале потпишано двата договори, и потоа ќе се чека првата прилика кога временските услови ќе дозволат третирање. Населението ќе биде навремено известено за да ги заштити милениците и пчелите. Не доцниме, токму навреме сме за првото авиопрскање во јуни“, истакна Дарко Станојковски од Одделението за јавни набавки на Општина Куманово.
За авионско прскање досега била ангажирана фирмата „Бониер“, додека услугите од земја ги пружа „Плант медика“, двете од Куманово. Во договорите стои дека од воздух се третираат 2 илјади хектари, а според спецификацијата различни по големина се површините кои ќе се третираат против штетни инсекти.
Според планот за јавни набавки на општинските служби изведувачите се бираат со поедноставена отворена постапка, но првично било предвидено да биде спроведена во март. Средства за дезинсекција што се користат треба да бидат наменети за ефикасно и безбедно третирање на отворени урбани и рурални површини, во кои што во еден дел е опфатено и земјоделско земјиште.
Граѓаните реaгираат дека прскањето против ларви на комарци и други инстекти доцни, бидејќи минатите години тоа се вршеше на крајот на март и април.