Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Рубин Андоновски (24) од Куманово и Слободан Павловски (40) од Скопје во Основниот суд Куманово денеска се осудени на доживотен затвор поради убиството на бизнисменот Горан Трајановски.
Сестрата на Павловски, Снежана доби казна затвор од 9 години, а неговата малолетна ќерка е осудена на 5 години малолетнички затвор.
Бранителите на осудените најавија жалба на пресудата бидејќи сметаат дека казната е превисока, а Судот не утврдил кој го извршил убиството.
Кумановецот Трајановски беше убиен на вратата на неговиот дом на 5 јуни годинава во 23.30 часот, кога осудените се договориле во Скопје да дојдат во населбата Зелен Рид и да го ограбат. Откако девојките утврдиле дека Трајановски е дома, Рубин и Слободан со фантомки на главата зазвониле на вратата. Бизнисменот отворил, а Рубин испукал еден куршум кон него, и го погодил во пределот на градниот кош. Горан паднал и кога пред нив излегла неговата сопруга тие побегнале со украден автомобил во Скопје. Десетина дена потоа биле откриени од полицијата.
Во текот на судењето, кое беше затворено за јавност поради присуството на малолетник, мажите пред судот не го признавале делото и меѓусебно се обвинувале дека другиот го извршил убиството. Двајцата одрекувале дека во моментот на убиството биле во куќата.