×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДПА: Го критикуваме градоначалникот во име на граѓаните

    16.11.2010 07:42 | KumanovoNews

    Огранокот на ДПА од Куманово, регира на изјавата на градоначалникот Зоран Дамјановски дека обвинувањата на нивниот советник за неистакнување на знамето на Република Албанија на Општината за време на празникот на градот се политикански.

    ДПА: Го критикуваме градоначалникот во име на граѓаните

    Досегашното дејствување на Демократската Партија на Албанците секогаш и во секоја пригода била јавна, транспарента и сериозна. Таква ќе биде и во понатамошното делување, како и комуникацијата со сите политчки експоненти, а во конкретниот случај и кон градоначалникот Зоран Дамјановски, не затоа што тој тоа го заслужува, но несакајќи да паднеме на негово ниво и да ги омаловажуваме нашите сограѓани – гласачи кои што му ја дале нивната доверба, како што тој практикува да ги омаловажува легитимните претставници на Албанците од Куманово, легитимирани со легален изборен процес- се вели во соопштението на ДПА.

    Од партијата понатаму обвинуваат дека во градот и зградата на Општината недостасуваат натписите на албански јазик, се избегнува збратимувањето со градови од Албанија и не се презентира албанската култура и традиција во градот.

    Ние ги претставуваме граѓаните на оваа општина, кои што не се задоволни од вашата работа и активност. Не ги персонифицираме работите, но се бориме против девијациите. Не сме од тие што заради лични придобивки ги заборавиле маките на тие што не избрале.Ние ќе ви се обраќаме и ќе ве критикуваме секогаш кога ќе увидиме слабости во вашата работа и одлуките што ги донесувате, било тие да се намерни или пак од негрижа- велат од ДПА.