Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Демократската партија на Србите во Македонија прослави 20 години постоење. Дваесетиот роденден партијата го славеше синоќа во Куманово, а тортата ја пресече лидерот Иван Стоилковиќ.
Во изминатите 20 години нашата партија се бореше за остварување на српските интереси во Република Македонија. Времето што е пред нас е многу тешко, доаѓаат нови искушенија, а се надевам дека успешно ќе ги надминеме сите проблеми на политички и економски план. Ви го Честитам празникот и за следниот јубилеј, со нов претседател во нови успеси- рече во обраќањето Стоилковиќ.
Претседателот на партијата најави, за сто годишнината на Кумановската битка во октомври, на споменикот „Зебарник„ да дојдат претседателите на Србија Борис Тадиќ и на Република Српска Милорад Додик, како и српскиот патријах Иринеј.
На прославата на големиот јубилеј на ДПСМ не присуствуваше никој од нивните коалициони партнери.