Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тринаесетгодишниот Џанер Биљали, член на Боксерскиот клуб „Куманово“ е проглесен за најдобар млад боксер на регионалниот турнир „Златна Чивија“, кој викендов се одржал во Шабац, Србија.
Во силна конкуренција Биљали успејал да освои златна медала и ја понесе титулата најдобар во неговата категорија.
„Ова е за нас голем успех. Биљали е младо и талентирано момче, кое има потенцијал да стане голем боксер. Со редовни тренинзи и неговата посветеност се надевам дека ќе ги повториме успесите на големите боксерски имиња во нашиот град“, вели тренерот Самет Салиевски.
На турнирот учествувале боксери од Србија и Македонија.