×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Екстерно се полагаше во “Гоце Делчев“ и “Киро Бурназ“

    30.01.2015 15:02 | KumanovoNews

    Екстерно тестирање за учениците од завршните години, денеска се спроведе во Гимназијата “Гоце Делчев“ и во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“, по термини утврдени од Министерство за образование.

    Екстерно се полагаше во “Гоце Делчев“ и “Киро Бурназ“

    Во Гимназијата од 128 ученици, на тестирање дошле 116 ученици.

    “Денеска имаме термин за полагање на екстерно за ученици кои првите два дена не полагаа поради технички причини. Екстерното помина во најдобар ред, се течеше нормално“ - рече Горан Димитријевиќ, директор на “Гоце Делчев“.

    Од “Киро Бурназ“ велат дека тестирањето се реализирало непречено, а присутни биле претставници од Бирото за развој на образованието и Државен просветен инспекторат.

    “Екстерното тестирање кај нас се одржа. Овој термин е за ученици од завршните години кои не полагаа на 26 и 27 јануари. Од 129 ученици дојдоа само 8 на тестирање“- вели Весна Трајковска, директорка на “Киро Бурназ“.

    Во меѓувреме во кумановските училишта сеуште трае штрајкот на просветните работници.