Филијалата на Комерцијална банка подари штедни книшки на 6 бебиња
05.11.2010 12:04
| KumanovoNews
По повод светскиот ден на штедењето 31-ви Октомври, Комерцијална Банка АД Скопје додели штедни книшки – Отворено Детско Штедење “Верверичка” со износ од 3000 денари и штедни касички на децата родени на Денот на штедењето.

На територијата која ја покрива Филијалата на Комерцијална Банка Куманово ќе бидат доделени вкупно 6 штедни книшки на новороденчиња родени на 31-ви октомври. Тој ден во Кумановската болница од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане се родиле 3 женски и три машки бебиња.