Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставници од австриската фирма „Остап„, кои со „ЈП Водовод„ работат на проектот изградба на мини-пречистителни станици во селските средини, вчера дојдоа во Куманово за да видат како се одвиваат работите на терен.
По изработка на проектната документација, на пролет се очекува да започне изградбата на станиците.
Оваа австриска фирма се јавува како обезбедувач на сретства, преку австриската влада, за целокупниот проект во висина од 3,2 милиони евра -вели Виктор Божиновски директор на ЈП „Водовод„.
Првите луѓе на Остап се задоволни од досега релизираното и се надеваат дека соработка ќе продолжи и поматаму на заедничко задоволство на двете претпријатија. За Општината изградбата на фекален канализационен систем за руралните средини е многу значаен проект, со кој се прави крупен исчекор во зачувување на животната средина, не само во државата, туку и регионот.
Претставниците на „Остап„ се тука за да ги договориме наредните активности за проектот. Во тек е постапката со избор на банка, и обезбедување на финаскиски сретства во висина од 3 милиони евра, по што ќе започне реализацијата на проектот - објасни Оливер Спасовски, секретар на општината.