Гужва за замена на возачките дозволи
26.09.2012 13:35
| KumanovoNews
Редици на граѓани чекаат во Управната служба на СВР Куманово поднесат барање за замена на старите возачки дозволи.

Од понеделник наваму има навалица. Претпоставувам слушнале луѓето од медиумите дека треба да се заменат возачките дозволи до крајот на месецот и брзаат за да не го испуштат рокот. Ако стандардно примавме по 60 барања дневно, сега таа бројка е 200 барања на ден. Обично бираат во редовна а не забрзана процедура - вели Драган Ангеловиќ, раководител на Одделот за управи работи.
Се претпоставува дека само околу 10 отсто од возачите не ги замениле возачките дозволи, и мал дел од нив ќе го испуштат рокот кој трае до 1 октомври.