×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хуманитарна забава „Подај рака„ со Руле Турс

    22.09.2014 12:53 | KumanovoNews

      „Руле Турс„ организира хуманитарен концерт за потребите на штитениците во „Порака наша„.

    Хуманитарна забава „Подај рака„ со Руле Турс

    Под мотото „Подај рака„, компанијата Руле Турс организира хуманитарна забава, која во сабота (27.9) ќе се одржи во ноќниот клуб Лолипоп. Средствата собрани од забавата ќе бидат донирани на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака наша„. На забавата ќе пее Тајзи, а музика ќе пушта  диџеј Бранџез.

    „Не е првпат да учествувам на хуманитарна забава што се одржува за лицата со интелектуална попреченост. Секогаш со задоволство доаѓам на ваквите случувања и чест ми е што ќе пеам пред моите сограѓани. Затоа ги повикувам сите кумановци да дојдат на журката и заедно да им помогнеме на луѓето на кои што помошта во моментот им е повеќе од потребна„- изјави Тајзи за Кumanovonews.

    Тој првпат соработува со компанијата Руле Турс, но верува дека таа ќе продолжи со взаемно задовоство. Тајзи во моментот снима нови песна и спот, кои наскоро ќе ги промовира.

    Влезниците ќе чинат 100 денари, а забавата почнува по полноќ. Медиумски спонзори на хуманитарната забава се Кumanovonews и радио Браво.