Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двегодишниот Лука Трајковски од Куманово има тешко оштетување на слухот. На двете уши речиси воопшто не слуша, а постои опасност и да не прозбори ако не му се изврши итна операција.
Поради тоа потребни се 25 000 евра за хируршки зафат во странство.
Доколку Лука не се оперира навреме целосно ќе остане глув и нема да му развие и центарот за говор. Операција за вградување на кохлеарен инплант мора да се изврши што побрзо во Нови Сад и чини 25 000 евра. Неговите родители неможат да ги обезбедат потребните сретства, бидејќи двајцата се без работа. Тие трипати неделно го носат на рехабилитација во Скопје за да му помогнат, но засега нема разултати - велат роднини на детето.
Не е познато дали Лука болеста ја добил кога се родил или настанала подоцна, но постои надеж таа да се излекува додека е сеуште мал. Затоа семејството апелира до сите хумани луѓе да помогнат да ги соберат потребните пари за прескапата операција.
Сретствата можат да се уплаќаат на жиро сметка: 250-0120001357-94 Шпаркасе банка, Македонија АД Скопје на има Љубица Трајковска, ул. Ѓуро Зафировски бр.2, или со повик на телефонскиот број 070 143 114, да се донираат 100 денари.
Семејството се надева дека со несебична помош на добрите луѓе, Лука ќе има нормално детство како и неговите врсници.