Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во липковското село Никуштак денеска ќе биде пуштено во употреба спортско игралиште во дворот на подрачното основно училиште “Култура“.
Спортскиот терен е со површина од 800 квадрати. Ќе им користи на 300 - те ученици кои се образуваат во училиштето и на младите во селото. Досега тие немаа спортско игралиште. Деновиве ќе отпочне изградба на спортската сала во средното улилиште “Исмет Јашари“ - велат од Општина Липково.
Игралиштето во Никуштак е направено со средства од општинскиот буџет и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија.