×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на Киро Винокиќ - Вики во Куманово

    02.05.2012 07:53 | KumanovoNews

     Во изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на слики “Луѓе во екологија“ од авторот Киро Винокиќ - Вики.

    Изложба на Киро Винокиќ - Вики во Куманово

      Изложбата ја организира Заедницата на Хрватите во Република Македонија - огранок Куманово во координација на Домот на културата “ Кочо Рацин “ од Скопје.

    Винокиќ е роден во Скопје 1927 година.  Во 1945 година се запишува во Училиштето за применета уметност во Скопје, а потоа заминува за Белград каде се запишува во драмското студио, а потоа 1948 година се запишува на Високата филмска школа во Белград која потоа станува Академија за драмска и филмска уметност.

    Во шест децениската работа  Киро Винокиќ интензивно црта и слика, се занимава со своето ангажирано сликарство свртено кон современите случувања со човекот и неговата трауматска состојба предизвикана од бескрупулозното ментално и технолошко загадување и уништување на природната и вселенската средина.

    Неговите еколошки теми со својата ликовна транспозиција не потсетуваат на мексиканските муралисти, но и на ликовната ризница на икони, како и на монументалното средновековно македонско фреско сликарство.

    Неговите препознатливи еколошки циклуси на слики со голем формат, ликовната критика ги прифати како една своевидна ликовна парадигма на Киро Винокиќ со која ни се претставува како зрела и комплексна личност, како изворен претставник на хрватскиот надреализам и симболизам.

    Киро Винокиќ е сликар со особена мечтателност, хуманист, мислител и голем борец за зачувување на нашата планета за среќен живот на идните генерации на нејзините жители. Живееше и твореше во Загреб во својот стан и големото атеље од 250 м2 каде го поминуваше најголемиот дел од времето. Почина во август 2011 година само неколку дена пред промоцијата на неговата монографија.

                                                             М.Г.