×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јанкулоска најави инвестиции во железничкиот сообраќај

    17.04.2014 13:19 | KumanovoNews

    Гордана Јанкулоска, носител на листа на ВМРО - ДПМНЕ, денеска со воз пристигна на Железничката станица во Куманово од каде најави инвестиции во железничкиот сообраќај и популаризирање на желеничкиот транспорт.

    Јанкулоска најави инвестиции во железничкиот сообраќај

    Во програмата се предвидени инвестиции во обезбедување на нови шест патнички композиции и 150 товарни вагони кои секако ќе бидат голем придонес и помош за стопанството, но воедно има и низа мерки кои се однесуваат на различни делови од општеството, од граѓаните кои ќе го популаризираат железничкиот превоз така што предвидуваме бесплатен викенд за пензионерите, бесплатен викенд за младите луѓе до 27 години и слободно возење со железница во денот четврток. Тоа значи дека на овој начин со поинтензивна употреба на железничкиот превоз ќе дојде до подобрување на условите - изјави Јанкулоска.

    Таа на Градскиот плоштад се сретна со членовите на Унија на млади сили  од сите општински комитети во изборна единица 2.