Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Досега ниту една партија не промовираше кандидат за градоначалник во Општината Старо Нагоричане.
Политичките партии како да ја заборавија оваа мала и сиромашна општина или пак коалиционите партнери не можат да се договорат, кој да ја добие.
И додека во Куманово и поголемите градови во државата кандидатите ги истакнаа програмите, познавачите на состојбата велат дека во Старо Нагоричене 5-6 кандидати лобираат на терен и се подготвуваат да ја освојат градоначалничката фотелја.
Единствено актуелниот градоначалник Миодраг Јовановиќ пред Нова година јавно се изјасни дека има амбиции за уште еден мандат, додека останатите чекаат одлука од партиските врвови.
Меѓу имиња кои се вртат во јавноста за иден градоначалник се и претседателката на општинска организација на СДСМ во Старо Нагоричане Жаклина Јовановска, бизнисменот Јовица Јанчиќ, директорот на Македонски пошти во Куманово Милован Стојковски од ДПСМ, поранешниот градоначалник Власта Димковиќ од СНС и Горан Стојановски од ВМРО - ДПМНЕ раководител во Центарот за управување со кризи.
Во ДИК деновиве било најавено дека еден независен кандидат ќе собира потписи од граѓаните за независна кандидатура.