×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коледарите го прославија Бадник

    06.01.2014 13:21 | KumanovoNews

    Членовите на здружението “Коледари“ денеска го одбележа Бадник во центарот на Куманово.

    Коледарите го прославија Бадник

    Со традиционалните христијански обичаи: посета на црква, преземење на кумство, делење на бадникови гранчиња, погача, грејана ракија и овошје, коледарите го навестија Христовото раѓање.  

    Манифестацијата се одржа пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, каде им се придружија многу граѓани. Кумот Горан Илиќ, од црквата на плоштадот пристигна со пајтон и со зурли и тапани.

    Сите христијани треба да го промовираат ова наше празнување и празникот. Ние сме чудни. Нашата сила е во множеството, не во индивидуални идеи. Православието затоа опстана. Ние колективно работиме, се наоѓаме едни со други, се сакаме. Можеби не сме совршени, но сме блиски до совршенство - изјави Илиќ.

     Тој очекува многу здравје, среќа, бериќет за неговото семејство и на граѓаните  во Новата година.

    Здружението “Коледари“ - чувари на традицијата, прославата ја организираат по 17 пат, со цел да ги пренесат обичаите на идните поколенија.

    Ние преку цела година имаме континуитет на активности. Коледарските денови траат три дена. Вчера бевме во Добрешане каде навистина убаво бевме пречекани од месното население. Таму беа набрани гранчињата. Денеска по сите обичаи го славиме Бадник - изјави Мирослав Доневски, претседател на “Коледари“.

    На плоштадот беше организирана богата културно-уметничка програма за посетителите.